Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Русија никогаш никого не заплашувала, туку секогаш била сигурен и предвидлив партнер.
„Русија отсекогаш покажувала апсолутен недостиг на разбирање во врска со хистеричниот, емоционален русофопски фон, која често им се наметнува на нашите соседни земји однадвор, без разлика дали се тоа балтичките држави или државите од источна Европа“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Тој нагласи дека Москва е заинтересирана за градење добри односи со овие земји и изрази изненадување што тие се подложни на „хистеричните русофопски расположенија кои многу умешно се негуваат надвор“.
Песков, исто така, истакна дека Русија никогаш не се занимавала со интервенција во странски земји. „Русија не уништуваше цели земји и нема намера да го прави тоа, напротив, таа активно учествува во борбата против тероризмот, со цел да зачува земји, да спаси многу региони од можни неповратни последици“, заклучи тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче