Кремљ одговори на изјавите дека „Русите можат да јадат снег за да преживеат

Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, ја коментираше изјавата на советникот на Доналд Трамо Ентони Скарамучи дека „Русите можат да јадат снег за да преживеат“.

Русија одамна и повеќе пати има изјавено за спротивниот ефект на санкциите, сепак, коментирајќи ја метафората на советникот на Доналд Трамп за нивната бесмисленост, треба да се истакне дека Русите преферираат не да јадат снег, туку многу вкусни деликатеси од домашно производство, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претходно медиумите соопштија дека советникот на новоизбраниот претседател на САД Трамп Ентони Скарамучи изјави дека „Русите се способни да јадат снег за да преживеат“, објаснувајќи ја со тоа бесмисленоста на санкциите против РФ.

„Дека санкциите во многу нешта имаат обратен ефект, при што и за земјата против која се воведуваат санкции, и против земјата која ги воведува санкциите, за тоа повеќе пати кажавме и тоа одамна. Што се однесува до таквите метафори, веројатно, со тоа можеме  да се согласиме, макар што јас би прецизирал дека, се разбира, веројатно, Русите сепак не преферираат да јадат снег, туку многу вкусни деликатеси од домашно производство кои ги има сѐ повеќе и повеќе благодарение на санкциите“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња