Мнозинството Американци гледаат во Русија закана за САД, велат резултатите од анкетата спроведена од агенцијата „Ројтерс“ заедно со меѓународниот институт за истражување на јавното мислење „Ипсос“ во периодот од 9 до 12 јануари.
Од испитаниците беше побарано да ја оценат на скала од 1 до 5 заканата која доаѓа, според нивното мислење, од различни држави.
Се покажа дека 82% од возрасното население на САД, од кои 84% демократи и 82% републиканци, ја опишуваат Русија како земја која е закана за САД. Тоа е за 6% повеќе од март 2015 година, кога беше реализирана иста таква анкета.
Притоа 25% Американци ја сметаат за „неизбежна закана“.
Русија се најде на второто место на листата, пред Иран, Сирија, Кина, Саудиска Арабија, Куба и Јемен. Само Северна Кореја претставува посериозна закана за САД од Русија, пренесува РИА „Новости“.
Од друга страна, во анкетата спроведена во Русија од фондот „Јавно мислење“, 86% Руси сметаат дека светот се плаши од Русија. 75% од испитаниците сметаат дека тоа е добро.
Анкетираните исто така се убедени дека влијанието на Русија во светот последниве години расте (67%), отколку што се намалува (19%). Порастот на тоа влијание се објаснува со порастот на воената моќ на земјата (14%), водењето правилна, независна надворешна политика (11%) и по заслуга на претседателот на РФ (7%).
48% испитаници сметаат дека во светот денеска спрема Русија се однесуваат лошо, а 42% - добро.
Секој втор анкетиран (51%) смета дека односот спрема Русија во светот во целина е необјективен (36% сметаат дека е објективен).
Притоа 58% испитаници изјавиле дека живеат во богата земја, 33% ја сметаат за сиромашна.
70% од учесниците во анкетата ја нарекуваат Русија слободна земја, 22% не се согласуваат со тој став. 65% одговориле дека ја сметаат Русија за развиена и напредна држава.
Анкетата беше спроведена на 24-25 декември меѓу 1500 испитаници во 104 населени места во Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче