Песков: Москва е „преполна со трпение“

Москва ќе реагира на изјавите на кандидатите за функција во новата администрација на САД откако тие ќе ја добијат соодветната функција, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Москва е „преполна со трпение“ во однос на изјавите на идните министри на САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РТ на руски.  

„Ние сме преполни со трпение и пред сѐ, се разбира, ќе обрнуваме внимание на изјавите на актуелните министри и актуелниот претседател на САД“, изјави Песков како одговор на прашањето за односот на Москва спрема изјавите на кандидатите за клучните позиции во администрацијата на САД.

Претходно кандидатот за местото министер за одбрана на САД Џејмс Матис изјави дека претседателот на Русија Владимир Путин се обидува да го подели НАТО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.