Кандидат за функцијата шеф на Пентагон ја смета Русија главна закана за САД

Кандидатот за функцијата шеф на Пентагон Џејмс Матис изјави дека ги смета Русија и тероризмот за најголема закана за САД.

„Јас би ја сметал како главна закана Русија и секоја друга нација која ќе ги заплашува другите нации со кои граничи... Исто така, ние влегуваме во ера каде што ќе мораме да се бориме со терористичката закана“, изјави Матис на сослушувањето во американскиот Сенат каде се расправа за неговата кандидатура, пренесува РИА „Новости“.

Тој се согласува со мислењето на претседателот на Комитетот за вооружените сили на Сенатот дека Русија одлучила да биде „стратешки ривал и конкурент на САД за клучните прашања“.

Матис се изјасни за барање можности за соработка со Москва. Сепак, според него, бројот на области каде што таквата соработка е можна, се намалува, а бројот на областите каде што САД треба да ѝ се спротивстават на Русија, е во пораст.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња