Трамп: немам ништо со Русија

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги демантира написите во американските медиуми за неговата наводна поврзаност со Русија.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги негираше извештаите во врска со наводните обиди на Русија да изврши притисок врз него, пренесува РТ на руски.

„Русија никогаш не се обидела да употреби притисок врз мене. Немам никаква врска со Русија – НИ ЗДЕЛКИ, НИ ПОЗАЈМИЦИ, НИШТО“, се вели во соопштението на неговиот профил на „Твитер“.

Претходно Трамп ги коментираше соопштенијата за компромитирачки материјали кои наводно ги поседува Русија за него.

„Русија штотуку кажа дека непотврдениот извештај платен од политичките противници е „ЦЕЛОСНА И ТОТАЛНА ФАБРИКАЦИЈА, ТОТАЛНА БЕСМИСЛИЦА“. Многу нефер!“

Кремљ во средата соопшти дека не поседува никакви компромитирачки материјали за Трамп.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.