Песков: Кремљ нема компромитирачки материјали за Трамп

Москва ги смета изјавите дека Русија поседува компромитирачки материјали за новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за обид да им се нанесе штета на билатералните односи, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, и ги спореди овие тврдења со „евтини приказни“.

Претходно телевизијата Си-Ен-Ен, цитирајќи неименувани американски функционери, соопшти дека Русија, наводно, има компромитирачки материјали за Трамп. Според телевизискиот канал, овие информации се содржани во извештајот на американското разузнавање, кој им беше презентиран на Барак Обама и Доналд Трамп. Притоа беше истакнато дека точна потврда за овие претпоставки американската разузнавачка заедница нема. Според Си-Ен-Ен, компромитирачките материјали ги собирал поранешен припадник на британските разузнавачки служби, а бил финансиран од групи кои ги поддржувале опонентите на Трамп, најпрвин во предизборието, а потоа на националните избори.

„Тоа е целосен фалсификат, и квалитетот на тој документ мислам дека зборува самиот за себе... Кремљ нема компромитирачки материјали за Трамп, оваа информација не е точна и не е ништо повеќе од апсолутна фантастика“, изјави Песков за новинарите.

Според него, квалитетот на декласифицираниот дел од претходниот извештај на американското разузнавање кој беше презентирн во петокот и кој уште еднаш ја обвини Русија за „мешање во американските избори“, и оваа „патка“ се споредливи. „Евтини приказни се нарекува тоа на англиски јазик. Се разбира, веројатно со иста доза на хумор треба да се реагира на тоа“, рече Песков.

„Макар што има и тажна страна: навистина, постојат и такви кои набиваат таква хистерија, кои излегуваат од својата кожа за да ја одржат оваа состојба на лов на вештерки“, додаде тој и потсети дека токму Трамп ја нарече ваквата состојба како „лов на вештерки“.

„Зошто е потребно продолжиме на оваа хистерична состојба? Со цел присилно да се остават односите во колосекот на деградацијата, да не се дозволи некому едноставно да се замисли колку ова им одговара на интересите на двете земји, меѓународната заедница, и што може да се направи од тотална конфронтација да се премине на конструктивизам во односите“, истакна Песков, пренесува РИА „Новости“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.