Својот коментар Трамп го објави на „Твитер“.
„Русите прават будали од Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, смешно е да се гледа, тие си немаат поим! „ФоксЊуз“ тотално разбира!“, се вели во изјавата.
Претходно, на 30 декември, Си-Ен-Ен ја нарече чудна одлуката на претседателот на Русија Владимир Путин да не протера американски дипломати од Русија како одговор на таквиот чекор на Вашингтон и го постави прашањето „дали руското раководство не си подигрува со идниот претседател Трамп“.
Претходно во петокот Трамп ја нарече реакцијата на рускиот лидер „одличен потег“ и изјави дека „отсекогаш мислел дека Путин е многу умен“, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче