„Шарли Ебдо“ објави карикатура по повод падот на Ту-154

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ повторно ги исмева трагедиите во Русија.

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ објави на својот сајт карикатура за падот на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија над Црното море.

На цртежот е насликан авион во пад и маж во воена униформа (веројатно, солист на хорот „Александров“) кој пее: „А-А-А-А-А-А“. Потписот на карикатурата гласи: „Репертоарот на хорот на Црвената армија се проширува“.

Во средата вечерта, по појавата на карикатурата, на интернет беше организирана петиција „Да се воведат санкции против Франција за исмевањето на изданието „Шарли Ебдо“ со трагедиите во Русија“, соопштува „Интерфакс“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња