Путин за администрацијата на Обама: Тие загубија на сите фронтови

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на големата прес-конференција изјави дека проблемите на администрацијата на Демократската партија на САД не се состојат во Русија, потсетувајќи дека демократите загубија не само на последните претседателски избори, туку и на изборите за Сенатот и Конгресот на САД.

„37% од републиканските избирачи ве симпатизираат и, кога Роналд Реган би дознал за тоа, тој би се превртел во гробот“, ги пренесе новинарот на „Русија 24“ зборовите на голем број Американци.

„Реган, ми се чини, би се израдувал затоа што претставниците на неговата партија победуваат секаде. И би се израдувал за новиот претседател, кој рафинирано го почувствува расположението на општеството, работеше во таа парадигма и одеше до крај. И на крај победи, иако никој не веруваше во тоа. Освен нас“, се пошегува Путин во својот одговор, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, претседателот на Русија додаде дека сегашната администрација на САД се обидува да ги префрли своите неуспеси врз надворешни фактори. Притоа Путин потсети дека Демократската партија ги загуби не само претседателските избори, туку и изборите за Сенатот и Конгресот.

„Што е тоа, и тоа е наше дело? А потоа ние организиравме огромен пир врз урнатините на капела од 17 век? И ние ли ја срушивме капелата?“, иронизираше Путин.

Според него, сегашната администрација на САД има проблеми. „Постои јаз меѓу претставите за тоа што е добро, а што е лошо меѓу елитите и широките народни маси. Тоа, што значителен дел од американските избирачи го поддржува претседателот на Русија, тоа дури и не го сметам за своја заслуга. Тоа значи дека кај значителен дел од американскиот народ и кај нас се совпаѓаат претставите за тоа како треба да биде организиран светот, со што треба да се занимаваме“, додаде Путин.

Тој потенцираше дека е добар предуслов за градење на односите меѓу земјите врз база на заемна симпатија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња