Реалниот расположлив приход на Русите се намали за 12,3% од почетокот на економската криза во 2014 година, соопштува ТАСС цитирајќи го извештајот на РАНХиГС. „Во принцип, за две години, од октомври 2014 година до октомври 2016 година, реалните расположливи парични приходи опаднаа за 12,3%“, се вели во студијата на Институтот за социјални анализи и предвидувања на РАНХиГС.
Западните санкции и падот на цените на нафтата доведоа до рекорден скок на инфлацијата во Русија: во 2015 година оваа бројка беше највисока во последните 6 години и изнесуваше 12,9%. До крајот на 2016 година Централната банка на Русија успеа да ја намали инфлацијата на 5%.
Составувачите на извештајот доаѓаат до заклучок дека долготрајниот пад на реалните приходи на населението доведе до зголемување на стапката на сиромаштија, која во периодот јануари-септември 2016 година изнесуваше 13,9%. Оваа бројка е повисока од нивото за истите период во 2012-2014 година, се истакнува во извештајот.
Во мај 2016 година просечната плата на Русите падна на 500 долари месечно, паѓајќи под нивото на просечната плата во Кина, пресмета најголемата банка во Русија „Сбербанк“. Ова, како што се истакнува во извештајот на „Сбербанк“, им овозможи на голем број компании кои имаат фабрики во Русија да почнат со извоз на производи во странство или да го зголемат.
„Руска реч на македонски“ ги споредува просечните приходи на жителите на Русија со земјите од БРИКС, Западна и Источна Европа и наведува извадоци од рејтингот Average Monthly Disposable Salary by Country (Просечна месечна еднократна плата по земја) објавен на Numbeo.com:
Германија 2252 американски долари
Франција 1623
Италија 1511
Испанија 1380
ЈАР 1182
Словенија 1060
Кина 887
Хрватска 711
Бразил 563
Русија 516
Индија 504
Бугарија 470
Србија 341
Македонија 297
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче