Како што соопштува телевизијата „Ас-Сумарија“, одговорноста за убиството на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов ја презеде вооружената коалиција на „Џаиш ал Фатах“.
Коалицијата на борбените фракции е формира во 2015 година и се бори против сирискиот режим. „Џаиш ал Фатах“ (Армија на освојувањето) учествуваше во борбените дејствија на северозападот на Сирија. Во неа влегуваат радикални исламисти – салафистичката групација „Арар ал Шам“ и „Џебхат Фатах ал Шам“. До неодамна „Џебхат Фатех аш Шам“ го носеше називот „Џебхат ан Нусра“ и беше поврзувана со „Ал Каеда“.
Рускиот дипломат беше убиен во Анкара од страна на 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ. Убиецот го застрела амбасадорот, извикувајќи „Не заборавајте на Алепо!“, „Не заборавајте ја Сирија!“ „Сѐ додека нашите браќа не се безбедни, и вие нема да бидете безбедни“ и „Алаху акбар!“. Покрај дипломатот беа ранети уште три лица. Убиецот беше застрелан од полицијата, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче