„Дојде порака од Турција, каде кукавички е убиен рускиот амбасадор. (...) Стореното злосторство е провокација насочена кон попречување на нормализацијата на турско-руските односи и кон попречување на мировниот процес во Сирија“, изјави Путин, пренесува РТ на руски.
Путин нареди дипломатот да биде одликуван.
Тој потенцираше дека единствен одговор на тоа може да биде зајакнување на борбата со тероризмот.
Рускиот лидер исто така изјави за потребата од зајакнување на обезбедувањето на дипломатските претставништва на Турција во Русија и добивање гаранции од турската страна за осигурување на безбедноста на руските дипломатски претставништва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче