Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му телефонираше на својот руски колега Владимир Путин откако во Анкара беше убиен амбасадорот Андреј Карлов, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на претставник на турските власти.
Се истакнува дека Ердоган му ги соопшти на Путин информациите со кои располага за злосторството.
Карлов беше убиен во понеделникот, 19 декември, во Галеријата на модерната уметност во Анкара. Убиецот го застрела в грб 62-годишниот амбасадор додека зборуваше на отворањето на изложбата на фотографии „Русија со очите на Турците“, а наскоро беше елиминиран од страна на турските безбедносни сили. Дипломатот беше пренесен во болница каде подоцна почина. Покрај Карлов, ранети се уште три лица.
Можно е атентаторот да бил дел од обезбедувањето, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче