„Со одлука на Врховниот командант на Вооружените сили на Русија претседателот Владимир Путин, денеска почна повлекувањето на 5 илјади милитанти и нивните семејства од источните делови на Алепо“, изјави Герасимов, пренесува „Взгљад“.
Според него, за повлекување на милитантите е организиран хуманитарен коридор со должина од 21 километри. „Од нив, 6 километри минуваат низ територијата на Алепо заземена од страна на владините сили, и 15 километри на запад - на територијата контролирана од страна на нелегалните вооружени формации“, истакна генералот.
Во излекувањето се вклучени 20 патнички автобуси и 10 амбулантни возила, како и транспортната техника на милитантите - околу 100 авомобили, наведе Герасимов.
Колона од 25 автобуси почна да се движи кон источниот дел на Алепо, од каде ќе бидат одвезени милитантите и нивните семејства.
По налог на рускиот претседател Владимир Путин, рускиот Центар за помирување во соработка со сириските власти, утрото во четвртокот се одвиваше подготовка за повлекување на преостанатите милитанти и нивните семејства од источните делови на градот Алепо.
Повлекувањето можете во живо да го следите на следниов линк.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.