Портпаролот на Стејт департментот не знае за радоста на жителите на Алепо

Стејт департментот не ги гледа радосните Сиријци на улиците на Алепо.

Стејт департментот на САД не е во тек со веселењето на жителите на Алепо по повод повлекувањето на милитантите и благодарноста до сириската армија што ја искажува ослободеното население.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби ги посоветува новинарите да гледаат Си-Ен-Ен, за да дознаат што всушност се случува во сирискиот град, пренесува РТ на руски.

Претходно Рускиот центар за помирување на завојуваните страни соопшти дека сириските владини сили го ослободиле во средата квартот Сукари во источниот дел на Алепо.

„На тој начин, вкупната површина на реоните во градот кои се под контрола на милитаните се намали на 2,5 квадратни километри“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња