„Во Европа се случуваат сложени процеси на политичката сцена. Очигледно е дека се менува партискиот релјеф, се појави силна кохорта евроскептици. Тоа се однесува и на Германија“, изјави Нечаев во интервју за РИА „Новости“.
Според него, „народот во Германија, во целина во Европа се умори од диктатот на Брисел, Вашингтон и бескорисните санкции против Русија, со која германскиот народ со децении по Втората светска војна воспоставуваше билатерална соработка и историско помирување“.
„Но за миг германските партнери почнаа сето тоа да го рушат. Ние не срушивме ниту еден формат самите, ниту со Полјаците, ниту со Германците. Тоа беше нивна иницијатива“, додаде Нечаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче