Могерини не ја забележа руската хуманитарна помош во Сирија

Москва е изненадена од изјавите на комесарот на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини дека ЕУ е единствената страна која доставува хуманитарна помош до населението во Сирија.

„Со чудење се запознавме со изјавите на Федерика Могерини од трети декември, според кои хуманитарна помош за населението во Сирија доставува само Европската унија и нејзините членки“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР Русија. „Таквата изјава зборува или за слабо познавање на ситуацијата во оваа земја или високиот комесар на ЕУ намерно го доведуваат во заблуда во врска со тоа“.

„Русија, за разлика од другите меѓународни фактори, по цена на животот на руските војници, активно доставува илјадници тони хуманитарна помош во различни делови на Сирија, вклучувајќи го и ослободениот дел на источено Алепо, каде што за испорака на таквиот товар постојат сите потребни услови“, укажува Министерството за надворешни работи на РФ. „За жал, на меѓународната заедница засега сѐ уште не ѝ успева да се приклучи на овие напори“.

„Ако Високиот комесар на Европската унија ги има предвид испораките на помош за терористите и екстремистите, тогаш ние сигурно не учествуваме во тоа“, велат од Министерството за надворешни работи на РФ.

Според мислењето на руската страна, на Сиријците би им ја олеснило судбината „укинувањето на едностраните економски санкции што ги имаат воведено голем број меѓународни фактори, меѓу кои и ЕУ, а кои влијаат на најмалку заштитените слоеви на населението“.

Могерини во Берлин изјави дека Европската унија не е една, туку единствената страна која ја снабдува со хуманитарна помош Сирија и територијата околу неа, пренесува порталот „Взгљад“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња