Се претпоставува дека остатоците од вселенскиот товарен брод „Прогрес МС“, откако експлодираше во орбитата, паднале на територијата на Тува, изјави за РИА „Новости“ извор во безбедносните структури на регионот.
„Организирана е потрага“, додаде соговорникот на агенцијата.
Ракетата-носач „Сојуз-У“ со товарниот вселенски брод од новата серија „ Прогрес МС-04“ беше лансирана од Бајконур денеска во 17:52 по московско време.
Бродот требаше да испорача на Меѓународната вселенска станица околу 2,5 тони товар, вклучително гориво, вода и системи за полнење гориво. Според информациите на „Роскосмос“, при лансирањето на „Прогрес“ во 383 секунда од летот исчезнала телеметријата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче