Сè почесто од МВС доаѓаат податоци за бројни оштетувања, радијација која ги аби краевите, штетни бактерии. Пред околу една година земјите-учеснички во проектот потпишаа договор за продолжување на работата на станицата до 2024 година. Но, ќе издржи ли таа толку време?
Научниците не се сомневаат дека МВС ќе може да функционира дури и подолго. „За да престане да работи МВС, треба да се случи нешто необично“, вели Иван Мојсеев, научен раководител во Институтот за вселенска политика.
„Поголемиот дел од животните и други важни системи можат да бидат управувани рачно - вели Александар Хохлов, инженер-конструктор на космички апарати во Централниот истражувачки и експериментално-конструкторски институт за роботехника и техничка кибернетика (ЦНИИ РТК). - На пример еднаш во рускиот сектор прегореа сите компјутери. Екипажот едноставно чекаше од Земјата да испорача нова техника“.
Мојсеев вели дека постојаните проблеми во вселенската станица се нешто нормално. На пример, пред околу една година имало пад на американски сензор кој неточно покажувал зголемено ниво на амонијак. Биле потребни 12 часа екипажот да се евакуира во рускиот сектор. Во надворешниот систем за терморегулација на американскиот модул редовно се забележуваат веќе вистински истекувања на амонијак. Астронаутите излегувале во вселената, поправале и ги заменувале делови.
Научниците сметаат дека дури и да престанат да работат еден или два модули, тоа нема да предизвика прекин на работата на целата станица.
„Модуларната станица Мир има преживеано пожар, тогаш горниот слој се стопи, а исто така имаше и судир со бродот Прогрес. Станицата, пак, продолжуваше да работи - вели Мојсеев. - По потреба, бродови можат да ги испорачуваат потребните резервни делови од Земјата“.
Според зборовите на Хохлов за сите земји-учеснички во МВС се предвидени можности за евакуација на космонаутите во случај на хаварија и нивно враќање на бродот по некое време.
Научниците тврдат дека станицата се наоѓа во многу добра состојба. Можно е дури нејзината работа да биде продолжена до 2028 година.
„Тоа зависи повеќе од економските и од политичките фактори, а не од техничките, - смета Мојсеев. - Пример од политиката на новиот американски претседател. Ниту една земја не е во состојба да учествува истовремено во две големи вселенски програми, САД ќе треба да избираат“.
НАСА има проекти за лет до Марс и неговиот придружник Фобос, лет околу Месечината со бродот Орион и да достави до неа дел од астероид. Европејците кои први почна да зборуваат за прекинување на учеството во МВС, сонуваат за меѓународна база на Месечината.
„И за Русија, и за САД е поволно продолжувањето на работата на станицата - убеден е Хохлов. - Ова ќе овозможи секој да го доизгради својот сегмент и да ги одржи планираните експерименти“.
Во 2017-2018 година на МВС би требало да биде пратен мултифункционален лабораториски модул (МЛМ), опремен со европскиот манипулатор Ера за монтажа на научна апаратура надвор од станицата. Благодарение на МЛМ Русија ќе се здобие со сопствена вселенска лабораторија, која претходно се наоѓаше во станбениот модул.
САД создадоа нови четири бродови Dragon V2 на компанијата SpaceX и "CST-100 Starliner на компанијата Boeing специјално за МВС. За изградбата беа потрошени милијарди долари, кои нема како да се исплатат без да биде продолжена работата на станицата. Предвидено е во иднина такви бродови да се користат и за комерцијален превоз.
Според зборовите на експертите поради абењето на станицата, учесниците во проектот МВС зависат еден од друг: на еден нешто му работи подобро, на друг друго. „На пример на Русите врската им е полоша и ние често ја користиме онаа на САД“, вели Хохлов.
Формално рокот на работа на станицата е ограничен од гарантниот рок на првиот функционален товарен модул Зарја и од службениот модул Звезда, конструирани од руските инженери за станицата Мир-2, кои се во употреба уште од 1998 година
Во 2028 година, периодот на користење на овие модули ќе биде близок до дозволениот. Ако тие бидат признаени за непогодни, целата станица ќе треба да биде укината. Како и советската станица Мир, МВС ќе биде потопен во Тихиот Океан, во зона, во која практично не пловат бродови. Во спротивно ќе се наметне таа вештачки да биде одржувана во орбитата, за да не падне на Земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче