Лавров го објасни префрлањето на „Искандерите“ во Калининград

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави во интервју за „Кориере дела Сера“ дека „Искандерите“ во Калининград се распоредени како одговор на дејствијата на НАТО

Префрлањето на ракетните системи „Искандер“ во Калининградската област е предизвикано од деструктивните дејствија на НАТО, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Во настанатите услови Русија, која стои пред неопходноста да се адаптира на променливата како резултат на деструктивните дејствија на НАТО ситуација на континентот, е принудена да презема соодветни пакет-мерки во интерес на зајакнување на одбранбената способност и националната безбедност. Исто така, ќе истакнам дека сите овие чекори ние ги реализираме на сопствената територија. За разлика од САД и низа други земји, кои префрлаат свои сили во држави кои граничат со Русија и кои вршат провокативни воени демонстрации на нашите граници“, изјави Лавров во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Рускиот дипломат изјави дека смета дека САД и НАТО намерно го креваат „степенот на тензии“ во односите со Москва, под маската на митската „закана од Исток“. Министерот исто така, истакна дека Русија е подготвена за дијалог со Алијансата, но соработката треба да биде рамноправна.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња