Путин и Eрдоган разговараа за ситуацијата во Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган зборуваше за руско-турските односи и ситуацијата во Алепо, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Дискутирани се актуелните прашања за руско-турските односи, вклучувајќи ги и претстојните билатерални контакти на различни нивоа“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на Кремљ.

Покрај тоа, Путин и Ердоган во телефонскиот разговор дискутираа за сириската проблематика, вклучувајќи ја и ситуацијата во Алепо.

Путин исто така изрази и сочувство во врска со загинувањето на децата во пожарот во градот Адана.

Турската агенција „Анадолу“, повикувајќи се на извор во администрацијата на турскиот лидер, соопштува дека Русија и Турција постигнале договор за засилување на напорите за прекин на борбите во Алепо и забрзување на испораката на хуманитарна помош во Алепо.  

Претходно заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов истакна дека изјавата на Ердоган за намерата да го собори сирискиот лидер Башар Асад е во спротивност со договорот меѓу Русија и Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња