„Оваа изјава претседателот беше дадена вчера, но не треба да се сфати буквално. Се надевам дека недоразбирањето што настана во врска со ова (со Русија) брзо ќе биде надминато“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“.
Тој додаде дека официјален коментар на изјавата на Ердоган можат да дадат само највисоките раководители на Турција.
Како што изјави во средата портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, за Кремљ претставува новост изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за вистинската цел на акцијата на Анкара во Сирија. Претходно Ердоган изјави дека операцијата „Штитот на Еуфрат“ која турските сили ја почнаа во август, всушност е да стави крај на владеењето на Башар Асад. Претходно Анкара уверуваше дека целите на турската армија е да се бори против „Исламската држава“ и курдските вооружени формации во северниот дел на Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче