МНР Русија реагираше на „Твитер“ во врска со вчерашниот инцидент со патничкиот авион во кој се наоѓаше официјална руска делегација на пат за самитот на АТЕС во Перу.
„Изразивме збунетост и побаравме од швајцарската страна објаснување во врска инцидентот со рускиот владин авион на небото над Конфедерација“, се вели во постот на амбасадата на РФ во Берн, пренесува „Лента.ру“.
Агенцијата ТАСС од своја страна соопштува дека руската дипломатска мисија упатила во Федералниот оддел за надворешни работи на Швајцарија соодветна нота. Претставникот на прес-службата изјави за ТАСС дека дозволата за прелетување била добиена навремено.
Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека Москва ќе реагира на соодветен начин откако ќе добие објаснување од Швајцарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче