Швајцарски ловци придружуваа руски патнички авион

Воени авиони со швајцарско знаме неколку минути, на небезбедно растојание, придружуваа патнички авион со руска делегација која леташе за Перу на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.

Дописникот на „Комсомолскаја правда“ Дмитриј Смирнов објави видео од кое се гледа како два ловци со швајцарско знаме неколку минути придружуваат авион со руската делегација. Снимката е објавена на неговата страница на „Фејсбук“ во петокот, 18 ноември.

На рускиот авион му се приближиле два ловци F-18 со борбена опрема. „Пилотот се израдува што го снимаат, мавташе со раката и убаво си летна нагоре. Но потоа се врати“, напиша Смирнов, пренесува „Лента.ру“.

Во патничкиот авион се наоѓаше дел од руската делегација која леташе за Перу на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња