Европската комисија ја заврши истрагата во врска со проектот за изградба на нуклеарната централа „Пакш 2“ во Унгарија со учество на Русија, отстранувајќи ги сите пречки за неговиот понатамошен развој. Ова го соопшти агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на претставник на кабинетот на премиерот на Унгарија Јанош Лазар, пренесува ТАСС.
Изградбата на централата, според агенцијата, би можела да почне во 2017-2018.
Русија и Унгарија се согласија на изградба на нови енергетски блокови за АЕЦ „Пакш“ во јануари 2014 година.
За реализација на проектот руската страна ќе ѝ даде на владата на Унгарија кредит од 10 милијарди евра. Вкупната инвестиција во изградбата на двата блока на „Пакш“ не надминува 12,5 милијарди евра. Договорот предвидува користење на позајмените средства за периодот од 2014 до 2025 година. Каматната стапка се движи од 3,95% до 4,95% годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче