Медиум: МиГ-29 од „Адмирал Кузнецов“ се урна во Средоземното море

Рускиот ловец се урнал во близина на носачот на авиони во Средоземното море, соопштуваат западни медиуми повикувајќи се на американски извори.

Ловец МиГ-29 се урнал во Средоземното море набрзо по полетувањето од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ покрај бреговите на Сирија во неделата, соопштува „Фокс Њуз“ повикувајќи се на два извора.

Се соопштува дека три руски МиГ-29 полетале од својот носач на авиони во правец на Сирија. Два авиона се вратиле, третиот не можел да слета на палубата и се урнал во водата.

Веднаш полетал хеликоптер за спасување, кој го кренал од водата пилотот со падобран. Состојбата на пилотот е непозната.

Авионот, најверојатно, премногу блиску се приближил до носачот на авиони, соопштува „Комбат Еркрафт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња