Медиум: „Адмирал Кузнецов“ ги исплаши милитантите во Сирија

Сириски експерт смета дека групата на „Адмирал Кузнецов“ ќе ги натера терористите на преговори за мир.

Присуството на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ крај бреговите на Сирија ги принуди терористите од Алепо да почнат преговори за примирје, соопшти „Известија“  повикувајќи се на извор во сириските безбедносни структури.

Како што пишува весникот, милитантите се „исплашиле“ од руската бродска група во источниот Медитеран и од нејзината подготвеност да ги гранатира позициите на терористите со ракети „Калибар“. Во моментов ниту руската, сириската авијација не вршат напади врз милитантите, но „може да се констатира дека терористите се сериозно деморализирани“ и бараат начини за спас, го цитира изданието мислењето на изворот.

Руските сили се насочени кон целосен прекин на снабдувањето на милитантите во источниот дел на Алепо, кои продолжуваат да добиваат оружје. Нападите ќе се вршат не врз градот, во кој се наоѓаат илјадници цивили, туку во близина на териториите окупирани од страна на терористите, се вели во материјалот.

Во моментов милитантите не можат да ја променат рамнотежата на силите, без разлика колку се обидуваат да го направат тоа, и притисокот врз нив се зголемува, го цитира „Известија“ сирискиот експерт за стратегии и геополитика Хасан Хасан.

Покрај тоа, милитантите ги принудува на преговори и фактот што „на Запад се свесни дека не успеваат да му дадат никаква поддршка на својот протеже“. Но, во исто време, потполно веројатно е дека со помош на преговори за мир терористите ќе можат да земат здив и да се регрупираат, смета експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња