Медведев за приоритетите на Трамп: Да сме живи и здрави, ќе видиме

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека ќе може да се оценат приоритетите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп само по некое време, пренесува дописникот на „Газета.ру“.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев го изјави ова во текот на посетата на Израел.

„Политичкиот систем овозможи да победи несистемски кандидат. Читав различни коментари, се зборуваше за тоа дека Доналд Трамп го победил  политичкиот систем. Но, мислам дека тоа не е така. Поверојатно е дека политичкиот систем му даде таква можност на сегашниот победник. Судејќи според сѐ, истиот политички систем ќе го моделира новиот претседател на земјата. Се разбира, ги има сите можности за тоа, затоа што американскиот политички систем е многу моќен. Колку идниот претседател на Трамп ќе може да се спротивстави на тоа, колку воопшто ќе биде предмет на таквото моделирање, колку ќе ги задржи оние приоритети, за кои тој зборуваше во текот на претседателската кампања, - да сме живи и здрави, ќе видиме“, изјави Медведев за „Газета.ру“.

Претходно тој изјави дека за изборите за претседател на САД има многу разговори.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња