Путин му го честиташе на Трамп изборот за претседател на САД

Претседателот на Русија Владимир Путин му го честиташе на Доналд Трамп изборот на функцијата претседател на САД.

Телеграмата со честитки е објавена на сајтот на Кремљ.

Во телеграмата се истакнува дека Путин се надева на градење дијалог меѓу Русија и САД.

„Путин изрази надеж за заедничка работа за извлекување на руско-американските односи од кризната состојба, како и за решавање на актуелните прашања од меѓународната агенда и барање ефикасни одговори на предизвиците за глобалната безбедност“, се вели во телеграмата што ја пренесува РТ на руски.

Рускиот претседател исто така му посака на Трамп успех во одговорната работа на чело на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња