Групата бродови на „Адмирал Кузнецов“ избрка холандска подморница

Холандска подморница се обидела да ја следи бродската група на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ во Средоземното море.

Бродовите за борба со подморници од групата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ открија подморница на ВМФ Холандија и ја принудија да ја напушти областа. Ова за „Лента.ру“ го изјави од Одделот за информации и прес-служба портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

„На екипажите на големите противподморнички бродови „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“ не им беше потребен голем напор да ја откријат подморницата на растојание од 20 километри, користејќи ги стандардните хидроакустични системи и податоците добиени од пртивподморничките хеликоптери Ка-27ПЛ“, изјави Конашенков.

Бил воспоставен контакт со подморницата кој постојано се одржувал и покрај обидите за маневрирање на подморницата. Според Конашенков, бродовите повеќе од  еден час го следеле движењето на подморницата и ја принудиле да ја напушти областа каде што се наоѓа борбената група на рускиот носач на авиони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња