„Адмирал Кузнецов“ подготвен да нанесе удари во близина на Алепо

Исто така се соопштува дека авијацијата на ВМФ Русија ќе спроведе вежби на 9 ноември во близина на Родос.

Авионите на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и бродовите на Воената морнарица на Руската Федерација кои се наоѓаат во Средоземното Море, се подготвуваат во следните неколку часа да извршат напади врз милитантите во оддалечените приоди кон Алепо, изјави за „Интерфакс“ во вторникот извор во Министерството за одбрана на РФ.

„Палубната авијација на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и бојните бродови на ВМФ РФ, опремени со високопрецизно оружје, се подготвуваат во следните неколку часа да извршат напади врз милитантите во близина на Алепо. Ударите ќе бидат нанесени врз  оддалечените приоди кон градот“, изјави изворот за агенцијата. „Обидите за пробив на милитантите во Алепо однадвор се бесмислени“, потенцираше тој.

Авијацијата на ВМФ Русија ќе спроведе вежби на 9 ноември југоисточно од грчкиот остров Родос, се вели во известувањето на грчките власти објавено на веб страницата на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO).

Од своја страна кипарските власти информираат дека бродовите и авијацијата на ВМФ РФ ќе одржат од 10-15 и од 17-22 ноември маневри во меѓународните води меѓу Кипар и Сирија. Маневрите на ВМФ Русија (тренинг летови на авијацијата и гаѓања) ќе се одржи во регионот“, согласно најавените кординати, се вели во известувањето објавено на веб-страницата на ICAO.

Претходно претставници на Министерството за одбрана за „Лента.ру“ одбија да ги коментираат соопштенијата во медиумите за подготовка на руските бродови, вклучувајќи го и „Адмирал Кузнецов“, за напад во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња