Русија во 2016 година собра рекордна количина жито и житни култури во износ од 117 милиони тони, што претставува најголемо постигнување во последните 38 години, соопшти во вторникот во текот на тркалезната маса во МИА „Русија денес“ министерот за земјоделство на Русија Александар Ткачев.
„Русија собра 117 милиони тони жито, тоа е најдобриот резултат последниве 38 години, Русија има добиено единствено во 1978 година – 127 милиони тони“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Според него, „ваквиот резултат успеавме да го постигнеме благодарение на порастот на родот, кој овие години се зголеми за 60% - од 1700 килограми по хектар на 2700 килограми по хектар, при што истите за истите 60% се намалија посеаните површини – од 74 милиони хектари на 47 милиони хектари“.
Претходно Министерството за земјоделство на Русија соопшти дека очекува жетвата да достигне 116 милиони тони на крајот на 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче