Претседателот на Украина Петро Порошенко го нарече „обид за хибридно присвојување на историјата“ откривањето на споменикот на кнезот Владимир во Москва кое се одржа на Денот на народното единство на Русија.
„Во Кремљ до непогребениот Ленин му открија споменик на нашиот свет киевски кнез Владимир. Тоа е уште еден обид за хибридно присвојување на историјата“, изјави Порошенко на церемонијата на откривање на споменикот на украинскиот филозоф Григориј Сковорода во Љубљана“, пренесува РИА „Новости“.
Претходно портпаролот на МНР Русија Марија Захарова со иронија ја коментираше реакцијата на Украина на откривањето на споменикот на кнезот Владимир.
„Јасно? Овој споменик може да биде само еден. Зашто премногу Пушкини има по светот. Бадијала е сето тоа“, изјави таа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче