„Мајкрософт“ обвинува „руски хакери“ за напади врз „Виндоус“

Претходно „Гугл“ соопшти на својот блог за критична ранливост во оперативниот систем „Виндоус“.

Критичната ранливост на оперативниот систем „Виндоус“ (Windows) е откриена по нападот на руски хакери, пишува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на соопштение на компанијата.

Претходно „Гугл“ соопшти на својот блог за критична ранливост во оперативниот систем „Виндоус“. При кибер-напад оваа грешка може да овозможи преземање на контрола врз целиот оперативен систем. Корпорацијата го информираше „Мајкрософт“, но не даде никакви препораки или корекции.

„Компанијата „Мајкрософт“ планира да објави на 8 ноември софтверска закрпа која ќе може да ги заштити корисниците на „Виндоус“ од такви напади“, пишува агенцијата. Датумот кога биле извршени сајбер-нападите не се соопштува.

Според агенцијата, „Мајкрософт“ смета дека мал број на напади биле извршени од хакерската група „Стронциум“ (Strontium) која, исто така, работи под псевдонимите „Фенси Беарс“ (Fancy Bears) и АПТ 28 (АРТ 28) и се смета дека е поврзана со руските разузнавачки служби. Притоа хакерите користат фишинг пораки. Компанијата не наведува податоци за тоа кој настрадал од дејствата на хакерите.

„Мајкрософт“ исто така го прекорува „Гугл“ за објавување на детали за ранливоста на системот.

„Одлуката на „Гугл“ да ги објави слабостите пред софтверската закрпа да стане широко достапна и тестирана разочарува и создава зголемен ризик за корисниците“, се вели во соопштението на „Мајкрософт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња