Кери: Обама разгледува рокови за мерки против Русија поради кибер-нападите

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека претседателот на САД Барак Обама ќе донесе одлука за тоа кога ќе бидат преземени мерки против Русија поради наводната поврзаност меѓу хакерите кои вршат напади врз американските институции и Москва.

Шефот на американската дипломатија одговори на прашањето на магазинот „Вајрд“ (Wired) дали САД имаат намера да ѝ одговорат на Русија за наводните кибер-напади. „Одлуката да се одговори е донесена одамна. Одговорот ќе следи во време кое ќе го одбере претседателот, тоа може да се покаже како невидливо за нас“, изјави Кери, пренесува „Взгљад“.

Државниот секретар увери дека САД немаат намера „само да седат и да бидат предмет на хакерски напади без ништо да не преземат“. Зборувајќи за кибер-нападите против различни американски структури, кои се вршат од странство, Кери истакна: „Сега тоа е веќе прашање во сферата на дипломатијата и одбраната“.

Русија претходно ги отфрли сите обвинувања за вмешаност во наводните хакерски напади врз американските институции.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња