Холивудските актери Арнолд Шварценегер и Џеки Чен ќе играат во продолжението на филмот на Олег Степченко „Виј“ со наслов „Патување во Кина: Тајната на железната маска“, пишува „Газета.ру“ повикувајќи се на прес-службата на продуцентот на филмот Глеб Фетисов.
Според сценариото, англискиот патеписец, Џонатан Грин добива од рускиот цар Петар I налог да направи мапи на Далечниот Исток и во текот на извршувањето на задачата тој пристигнува во Кина.
Претходно креаторите на продолжението изјавија дека филмот ќе стане национален кинески филм.
Премиерата на заедничкиот руско-кинески филм „Виј 2: Патување во Кина“ се очекува во почетокот на 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче