„Такво оружје во Русија е веќе создадено. Тоа не ги уништува дроновите физички, не прави пречки за нив, туку гарантирано ги исфрла од строј радиоелктронските системи што ги имаат, претворајќи го дронот во бесполезно парче мртво железо и пластика“, објасни претставникот на ОПК, пренесува „Лента.ру“.
Според него, традиционалните средства за неутрализација, во кои спаѓаат огненото оружје, системите за ПВО и обичните системи за противелектронска борба, во борбата со мини-дроновите се ефикасни. „Нашите системи едноставно не дозволуваат јата мини-дронови да долетаат до дестинацијата“, уверува тој.
На 24 октомври Пентагон соопшти дека тестира јата беспилотни летала кои се способни по електронски или огнен пат да ги неутрализираат средствата за ПВО на противникот. Според шефот на управата за стратешки можности на Пентагон Вилијам Ропер, дроновите за еднократна употреба летаат на мали висини и можат да се користат и како средство за извидување.
„Противникот ќе биде принуден да троши на својата одбрана многу повеќе сили и време за сигурно да се заштити од таквите јата“, го цитираше Ропер изданието „Одбранбени системи“ (Defense Systems). Притоа никакви конкретни технологии, употребени за создавање на беспилотните летала, кои го добија називот „Пердикс“ (Perdix) не беа наведени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче