МНР РФ: НАТО нема основа за вознемиреност поради руските бродови

Нема основа НАТО да биде вознемирено поради руските бродови во Средоземното море, изјавија од МНР РФ.

НАТО нема основа за вознемиреност во врска со движењето на групата руски бродови во Средоземното море, а авионите на ВКС РФ не дејствуваат во Алепо, изјави за РИА „Новости“ директорот на одделот за општоевропска соработка на МНР РФ Андреј Келин.

Во средата Министерството за одбрана на РФ изјави дека ја разгледувало можноста за договор со шпанската страна за службен влез на одделни бродови од руската група во шпанско пристаниште, демантирајќи ги притоа „шпекулациите“ за наводно планирано влегување во пристаништето Сеута на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

Според соопштението на Министерството за одбрана на РФ, шпанската страна дала до знаење дека поради притисокот што го вршеле САД и НАТО, влегувањето на руските бродови во Сеута е нецелисходно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња