Русија го повлече барањето за влез на групата бродови на Северната флота предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ во пристаништето Сеута, изјавија за РИА „Новости“ од руската амбасада во Шпанија.
За повлекување на барањето претходно соопшти весникот „Ел Мундо“. Според неговите информации, бродовите веќе поминале покрај Сеута и продолжиле со пловидбата.
Претходно беше соопштено дека МНР Шпанија може да им забрани на руските бродови да влезат во Сеута. Според в.д. министер за одбрана на Шпанија Педро Моренес, „владата преку Министерството за надворешни работи бара појаснувања од Русија со каква цел и во кој правец се движат бродовите, по што ќе биде донесена соодветна одлука“.
Како што изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, овие бродови можат да учествуваат во борбени операции на руските сили во Сирија и да придонесат за „вршење на уште поголем број на воздушни напади врз Алепо“.
Амбасадата на Русија во Шпанија, од своја страна, истакна дека сите посети на руски бродови на шпанските пристаништа се вршат во строга согласност со меѓународното право и со барањата на Мадрид.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче