„На идејата за ваква мисија навистина претседателот Путин реагираше со потенцијална согласност. Засега ОБСЕ нема концепт како може да се формира таа мисија, каде да се распореди и така натаму“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.
„За ова воопшто не се разговараше и не можеше да се разговара, затоа што е многу суштински разговор кој зависи од мноштво околности“, изјави портпаролот на Кремљ.
„Во целина, со потенцијалната идеја за таква мисија, доколку е потребно, се согласија сите (лидерите на „Нормандиската четворка“), додаде Песков. „Но, тоа засега нема конкретна содржина“.
„Притоа сакам да истакнам дека стана збор само за лично оружје. Значи, така да кажам, на таквата евентуална идеја за таква мисија претседателот Путин реагираше со потенцијална согласност. Но, работата е во тоа што тоа се имено евентуални разговори“, додаде Песков.
На 22 октомври првиот човек на самопрогласената ДНР Александар Захарченко изјави дека вооружена мисија на ОБСЕ на територијата на Донецката Народна Република може да биде инструмент за провокација од страна на Киев, а набљудувачите на меѓународната организација ќе бидат во опасност поради украинските диверзанти.
Меѓутоа, како што изјави Песков, Кремљ позитивно гледа на распоредувањето на вооружена мисија на ОБСЕ во Донбас, а германското претседателство во организацијата може да помогне во тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче