РФ и Македонија потпишаа Меморандум за соработка во сферата на трудот

Документот беше потпишан на 20 октомври од страна на заменик-министерот за труд на РФ Алексеј Черкасов и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов.

Министерството за труд на Русија и Министерството за труд и социјална политика на Македонија потпишаа меморандум за соработка во сферата на трудот и социјалната политика, соопшти руското министерство во петокот, пренесува РИА „Новости“.

Се истакнува дека главните области на соработка ќе бидат: социјалната заштита, социјалното осигурување, законодавството за работни односи и прашања поврзани со вработување на населението. Соработката ќе биде во форма на состаноци и конференции, како и консултации и експертски состаноци.

Документот беше потпишан на 20 октомври од страна на заменик-министерот за труд на РФ Алексеј Черкасов и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов.

„Задоволни сме од зајакнувањето на соработката со нашите македонски колеги. Потпишувањето на Меморандумот е уште еден чекор за зближување, за тесна соработка меѓу нашите земји во социјалната и трудовата сфера“, изјави Черкасов, чии зборови ги пренесува прес-службата на Министерството за труд на РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња