ООН ја поздравува руската иницијатива за прекин на огнот во Алепо

Портпаролот на генералниот секретар на ООН Стефан Дјужарик изјави дека ќе биде поздравена секоја иницијатива за намалување на насилството во сирискиот град Алепо.

ООН поздравува секаков прекин на борбените дејствија во Алепо и ќе ја користи таквата пауза за да ја подобри хуманитарната ситуација во сирискиот град, изјави портпаролот на генералниот секретар на ООН Стефан Дујужарик, коментирајќи го соопштението на Генералштабот Вооружените сили на Руската Федерација за осумчасовен прекин на операциите во Алепо што треба да стапи на сила на 20 октомври.

„Секое намалување на насилството, намалување на судирите кое ќе се реализира ќе биде топло поздравено“, изјави Дјужарик, истакнувајќи дека сѐ уште не е запознаен со руската иницијатива, пренесува ТАСС.

Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Руската Федерација генерал-потполковник Сергеј Рудској изјави дека Русија е подготвена на барање на хуманитарните организации да го прекине огнот во Алепо за обезбедување пристап на медицинскиот персонал и извлекување на ранетите.

„Што се однесува до евакуацијата на болните и ранетите. Ние сме подготвени на првото барање на хуманитарните организации во секое време да го прекинеме огнот и да обезбедиме непречен пристап во градот за медицинскиот персонал и извлекување на ранетите и болните. Руската страна како и претходно е подготвена да разгледа секакви иницијативи и предлози за решавање на ситуацијата околу Алепо“, потенцираше тој.

Според Рудској, руските и сириските сили ќе почнат да реализираат таканаречени „хуманитарни паузи“ од 20 октомври. Во тој период руските Воздушно-космички сили и сириската армија нема да вршат напади.

Со таа цел ќе бидат организирани осум хуманитарни коридори за извлекување на цивили и повлекување на милитантите во Идлиб. Од нив шест ќе бидат наменети за цивили.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња