САД ја разгледуваат можноста за спроведување сеопфатна сајбер-операција против руските власти, соопштуваат медиумите.
Според информациите на Ен-Би-Си добиени од разузнавачките служби, „администрацијата на Обама ја разгледува можноста за спроведување интензивни тајни активности против Русија како одговор на тоа што Русија, како што тврдат претставниците на САД, се меша во американските претседателски избори“, пренесува „Взгљад”.
„Актуелните и бивши официјални лица кои се запознаени со ситуацијата велат дека Белата куќа барала од ЦИА спроведување широка и тајна сајбер-операција со цел следење и „збунување“ на лидерите во Кремљ“, наведува Ен-Би-Си.
„Извори не изнесоа детали за тоа какви мерки разгледува ЦИА, но рекоа дека агенцијата отвора врати во кибер-просторот, бара цели и се подготвува за операција“, соопштува Ен-Би-Си.
Американските разузнавачки служби „почнаа со собирање на документи“ кои би требало да го дискредитираат руското раководство.
Во средата претседателот на Русија Владимир Путин, зборувајќи за обвинувањата против Русија, изјави дека во објавените податоци кои се однесуваат на Хилари Клинтон нема ништи што би било во интерес на Русија, но дека се крева хистерија за да се одвлече вниманието од содржината што е објавена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче