Како што изјави Кери, администрацијата на САД ги припишува тие напади на Русија, затоа што е „сигурна во процената направена преку разузнавачката заедница“, пренесува „Взгљад“.
„И ние ќе успееме да одговориме и ќе одговориме (на кибер-нападите) на начинот кој ќе го избереме и во време кое ќе го избереме“, изјави Кери.
Според него, Вашингтон веќе испратил „извонредно јасен“ сигнал „до Русите за неприфатливоста на мешањето во демократијата во САД“.
Стенограмите од настапот на државниот секретар на САД во Пало Алто беа објавени од прес-службата на Стејт департментот на САД.
Минатата недела сенатор на САД реши да предложи закон за санкции против Русија поради кибер-нападите
Истиот ден портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека сајтот на претседателот на Русија е секојдневно изложен на напади кои доаѓаат и од територијата на САД, но Москва не го обвинува Вашингтон за тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче