Во Сирија, САД и Русија се на работ на отворен конфликт. Насловите од Алепо ги истиснаа од медиумите извештаите од Европа како кризно жариште. Сепак, оваа конфронтација се одвива неконтролирано и пред вратите на Германија. Последната епизода на ескалација се случи во Калининград, парче руска земја меѓу Полска и балтичките земји кое сега се претвора во бастион на западната руска граница, пишува германски „Штерн“.
„Русија пред неколку дена распореди ракетни системи „Искандер“. Тие ракети можат да носат нуклеарни боеви глави. Нивното распоредување не е неочекувано, затоа што Кремљ постојано зборува за врската меѓу американскиот ракетен штит во Источна Европа и зголемувањето на количеството на оружје во Калининград. По неуспехот на преговорите околу противракетниот штит, стана јасно дека ракетите ќе се појават на источната граница. Притоа, не се прекршени никакви договори“, пишува германскиот магазин.
„Ракетите во Калининград официјално се со радиус од 500 км. Но може да се претпостави дека можат и повеќе од тоа, така што во нивната зона се цела Полска, како и источните делови на Германија, и особено Берлин“, заклучува магазинот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче