Путин зборуваше за влијанието на санкциите врз руската економија

Влијанието на западните санкции врз руската економија пред сѐ се одразува на ограничувањето на пристапот до технологиите, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Често повторуваме како мантра дека тие таканаречени озлогласени санкции не ни влиjaат многу. Влијаат, а пред сѐ заканата ја гледам во ограничувањето на пренесувањето на технологиите“, изјави Путин на пленарната сесија на форумот „Русија повикува“, пренесува РИА „Новости“.

Тоа, потенцираше тој, „ѝ нанесува штета не само на руската економија, туку на светската економија во целина, затоа што руската економија, несомнено, претставува важен сектор за глобалната економија“.

„Така што тие, кои го прават тоа, си штетат самите себеси на крајот на краиштата. Но мислам дека и со тоа, се разбира, ќе се справиме“, додаде шефот на руската држава.

Како што изјави во рамките на форумот министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев, новите санкции, кои би можеле да ѝ бидат воведени на Русија поради Сирија, нема да имаат значителен ефект врз економијата – локалниот бизнис веќе се адаптираше на затворените пазари на капитал во странство.

Претходно економските санкции на ЕУ против Русија беа продолжени до крајот на јануари 2017 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња