Русија ќе гради поморска база во сириски Тартус

Русија ќе создаде постојана база за својата Воено-поморска флота во сириски Тартус, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Николај Панков.

„На територијата на Сирија ќе имаме на постојана основа воено-поморска база во Тартус. Соодветните документи во моментов се подготвени. Тие ја минуваат процедурата за меѓуресорно усогласување... и се надеваме дека наскоро ќе побараме да го ратификувате (договорот)“, изјави Панков во Советот на Федерацијата, пренесува РИА „Новости“.

Пунктот за логистика на руската флота во пристаништето Тартус во Сирија функционира од 1977 година, а договорот за негово користење беше склучен во 1971 година. Во моментов пунктот во Тартус е единствената логистичка точка за ВМФ во Средоземното море. Пунктот продолжува да ги исполнува задачите согласно намената. Во Тартус работи исклучително цивилен персонал.

Минатата недела во руското Министерство за одбрана соопшти дека во Сирија е распоредена батерија со ракетниот систем С-300, наменет за осигурување на безбедноста на воено-поморската база во Тартус и бродовите на оперативната група на ВМФ Русија кои се наоѓаат во крајбрежната зона.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња