Анкара смета дека „Турски тек“ ќе ѝ донесе полза на Европа

Проектот за гасоводот „Турски тек“ не треба да предизвикува немир во ЕУ, тој ќе ѝ донесе полза на Европа, изјави премиерот на Турција Бинали Јилдирим.

Проектот за гасоводот „Турски тек“ не треба да предизвикува немир во ЕУ, тој ќе ѝ донесе полза на Европа, изјави премиерот на Турција Бинали Јилдирим.

„Важноста на проектот „Турски тек“ се состои во следново: тој е наменет за осигурување на енергетската безбедност во регионот и за давање на неопходната поддршка по ова прашање на земјите кои се соседи на нашиот регион. Нема таков момент кој би можел да предизвика вознемиреност кај Европејците. Овој проект ќе им донесе на Европејците полза“, изјави Јилдирим во интервју за агенцијата „Спутник“, пренесува РИА „Новости“.

Претходно министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека меѓувладиниот договор за „Турски тек“ може да биде потпишан на Светскиот конгрес за енергетика, кој се одржува во Турција од 10 до 13 октомври.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња