Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија може да смета на помош од белоруската армија на западниот фронт. Тој го изјави ова во петокот, 7 октомври, на средбата со членови на парламентот, пренесува „Взгљад“.
„Ние заедно со рускиот народ, со руските граѓани, ќе ја браниме нашата заедничка Татковина на ништо помалку важниот западен фронт. Овде ќе гинеме, бранејќи ги Белорусија и Русија“, изјави Лукашенко.
Тој додаде дека „белоруската армија е опремена со најсовремено оружје и е во состојба да се спротивстави на секаков агресор“.
Покрај тоа, Лукашенко вети дека нема да ѝ дозволи на опозицијата да прави од Русија непријател. Тој исто така му го честиташе роденденот на претседателот на Русија Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче